Апартмани со т.н. отворен простор не се толку ретка појава.
Всушност, повеќето модерни и современи домови ја имаат таа особина која комбинита споена дневна соба со кујна или трпезарија.
Во овој случај, сепак е поинаков вид на отворен простор. Овој стан има една голема просторија во која се вклучени дневна соба, кујна и спална соба. Нема ѕидови за да бидат поделени.
Станот се наоѓа во Шветска во зграда која датира од 1897 година. Тоа е дефинитивно стар стан во стара зграда, но кујната е реновирана во 2008 година, како и поголемиот дел од апаратите во домаќинството кои совршено се вклопени.
Што се однесува до дизајнот, дефинитивно може да се заклучи дека има карактер. Меѓу главните карактеристики се дрвените греди на белиот таван и камин. Земајќи во предвид дека е шведски стан, палетата на бои е многу едноставна и во главно е врз основа на многу јасни тонови како што се бела и црна, со неколку шарени детали. Косиот кров дава особеност, а прозорите на него даваат доволна светлина и топлина.
Во галеријата погледнете го овој прекрасен стан од само 44 квадрати.