На овој брутален полицаец му беше исплатена оштета (Видео)

Зад ова необично видео кое неодамна стана вистински интернет хит стои уште понеобична приказна. Имено, „главната ѕвезда“ во оваа снимка е полицаецот Мајк Бејлион, кој заедно со неговите колеги после 17 минутна потера го застанаа Range Rover-от на пензионириот бизнисмен Роберт Вејтли.

74-годишниот старец неколку минути пред целиот овој настан доживеал срцев удар, а негов најголем „злочин“ е што не бил врзан со безбедносниот појас. Поради ова, во моментот кога Вејтли ќе го застане возилото, полицајците агресивно му приоѓаат демолирајќи го целиот автомобил. На крајот, тие го извлекуваат немоќниот старец од неговото седиште, и го одвлекуваат некаде на страна. Тука заврува видеото, но не и приказната…

Имено, Бејлион, освен што бил суспендиран и повлечен од работата со луѓе, изложен бил на постојано исмевање од страна на колегите, по што самиот решил да даде отказ и воедно да ги тужи за психичко малтретирање. Неверојатно, но истиот добил оштета од 417.000 фунти, за која многумина сметаат дека е апсолутно неоправдана, со оглед на тоа што „неговата“ жртва, старецот Вејтли на кој целосно му го издемолираа автомобилот и преживеа вистински стрес, доби само 20.000 фунти оштета.

Зад ова видео кое неодамна стана вистински интернет хит стои уште поинтересна приказна. Имено, „главната ѕвезда“ во оваа снимка е полицаецот Мајк Бејлион, кој заедно со неговите колеги после 17 минутна потера го застанаа Range Rover-от на пензионириот бизнисмен Роберт Вејтли.
Истиот, неколку минути пред целиот овој настан доживеал срцев удар, а најголемиот „злочин“ му бил што не му бил врзан безбедносниот појас. Поради ова, во моментот кога Вејтли го застанува возилото, полицајците агресивно му приоѓаат демолирајќи го целиот автомобил. На крајот, тие го извлекуваат немоќниот старец од неговото седиште, и го одвлекуваат некаде на страна. Тука заврува видеото, но не и приказната…
Имено, Бејлион, освен што е суспендиран и повлечен од работата со луѓе, изложен е на постојано исмевање од страна на колегите, по што самиот решава да даде отказ и воедно да ги тужи за психичко малтретирање. Неверојатно, но истиот добил оштета од 417.000 фунти, за кој многумина сметаат дека е апсолутно неоправдана, со оглед на тоа што „неговата“ жртва, старецот Вејтли на кој целосно му го издемолираа автомобилот и преживеа вистински стрес, доби само 20.000 фунти оштета.

- Реклама -