Популарната австралиска раперка Иги Азалеа му кажа „Да“ на својот дечко – кошаркар.
Иги Азалеа баш е ‘Fancy’ – како и нејзиниот лански хит кој ги освои сите топ листи. Славната раперка го покажа нејзиниот веренички прстен на Инстаграм.
Кошаркарот на Лејкерс, Ник Јанг ја запроси 24-годишната русокоса и тоа со прстен вреден 500.000 долари. Двојката е заедно една и пол година, а наскоро ќе започне со планирање на венчавката. Судејќи по прстенот, ќе се работи за раскошна свадба, во која ќе уживаат нивните најблиски.
Swaggy P celebrated his birthday tonight by popping the question to his girlfriend Iggy! pic.twitter.com/mF3W5eRau2
— Karεn Ciѵil (@KarenCivil) June 2, 2015