На Наташа Беквалац и украле 10.000 евра на Закинтос

На пејачката Наташа Беквалац во текот на летувањето на грчкиот остров Закинтос и биле украдени 10.000 евра.

Овие пари пејачката ги заработила настапувајќи две вечери во популарно летувалиште.

Таа не сакала хонорарот за концертот да и се исплати одма, туку на крајот од одморот, што сепак се испоставило како лоша идеја.

Имено, бидејќи на двата нејзини концерти имало по повеќе од 1000 луѓе, организаторите биле презадоволни и и ги донеле парите на плажата на која се капела.

И биле исплатени 10.000 евра според договорот и си заминале, а таа останала да ужива заедно со ќерката Хана, сестрат Кристина и внуката Петра. Иако добро внимавале на торбата, крадците биле вешти и за неколку секунди невнимание дошле до паричникот.

Пејачката ја пријавила кражбата во полиција.

1078824_631750543510228_1913459309_o

- Реклама -