На Меѓународната вселенска станица пристигнаа храна и гориво за заробените астронаути

Товарно вселенско летало пристигна на Меѓународната вселенска станица со храна, гориво и други резерви за астронаутите.

Двајца астронаути на НАСА се заглавени на станицата поради безбедносни проблеми со капсулата Боинг „Старлајнер“ која требаше да ги однесе дома.

Тие пристигнаа во јуни, а би можеле да се вратат на Земјата во февруари 2025 година, со друго вселенско летало доколку оригиналното сè уште не е безбедно да се врати.

Американската вселенска агенција соопшти дека испитува дали двата астронаута може да се вратат на земјата во летало на американската компанија SpaceX, наместо во капсулата „Старлајнер“, која има проблеми уште од лансирањето на 5 јуни.

Астронаутите стигнаа на Меѓународната вселенска станица пред два месеца и беше планирано таму да имаат осумдневна мисија. Поради тоа големи се шансите тие да се вратат со SpaceX, а „Старлајнерот“ да се врати празен.

Прочитајте и:  Полска ја најави првата мисија на Меѓународната вселенска станица

Вилмор и Вилијамс би можеле да се вратат на Земајта во февруари.

Од друга страна, од компанијата „Боинг“ изјави дека стојат зад своето летало и сметаат дека екипажот може безбедно да се врати на Земјата. Тие истакнуваат дека ги поддржуваат напорите на НАСА да се направат дополнителни тестирања и анализи за да се утврди безбедноста на леталото.

Враќањето на астронаутите со SpaceX би бил силен удар за „Боинг“, бидејќи двете компании се во директна трка за договори со НАСА.

- Реклама -