Дарко Божиноски, кој (според Фејсбук профилот) живее во Брисел, на друштвената мрежа раскажа едно свое искуство што го имал во општина во Холандија, а поврзано со неговото државјанство. Како што вели Божиноски, обичната формалност која не би требало да трае повеќе од 10 минути, прераснала во вистинска потрага по нaциoнaлнocта на Дарко во холандскиот систем. Притоа, напомош се вклучиле уште неколку административци. Фејсбук статусот на Божиноски можете да го прочитате во продолжение:
„ВО ПОТРАГА ПО МОЈАТА НAЦИOНАЛНOCТ
Во општина во Холандија на средба којашто треба да трае максимум 10 минути. Го подавам мојот пасош. Госпоѓата веќе го има мојот фајл и потребна е само мала формална проверка.
Госпоѓата: Господине, во полето нaциoнaлнocт не можам да внесам македонец. Дали вашата нaциoнaлнocт е македонец?
Јас: Да, да.
Госпоѓата: Па не може, системот не го прифаќа тоа. Дали сте сигурен дека тоа е вашата нaциoнaлнocт?
Јас: Па да. Имаше некаков договор помеѓу Македонија и Грција, името на државата беше променето, меѓутоа нaциoнaлнocт сеуште е македонец (барем така треба да биде). Може да проверите македонец/граѓанин на Северна Македонија.
Госпоѓата: Господине, и тоа не може. Чекајте да проверам на интернет. (бара нешто…). Аха, ќе пробам Бивша југословенска Република Македонија.
Јас: Во ред, пробајте.
Госпоѓата: и тоа не може. Чудно, многу чудно. (Се смее.) Не можам да ве внесам во системот. Чекајте ќе прашам некои од колегите. (Се собираат 3-4 административци). Никој од нив не знае како да го реши проблемот. Поминаа веќе 30 мин.
Госпоѓата: (Нервозно, не знае веќе што да прави.) Знаете овие состаноци се во главно формални и траат максиум 10 мин.
Јас: Знам, знам.
Госпоѓата: Ќе пробам повторно. Внесува 10тина различни поими.
Пет луѓе се обидуваат да ја одгатнат мојата нaциoнaлнocт. А самиот не можам да помогнам. Сите можности на коишто помислив веќе беа употребени. На крај доаѓа една женичка од нејзините колеги и ја решава ситуацијата. И вика на госпоѓата: Треба да внесеш граѓанин на Република Северна Македонија или на холандски тоа е (Burger van de Republiek Noord-Macedonie).
Госпоѓата: Конечно, ја одгатнавме твојата нaциoнaлнocт. Направи слика од ова и секогаш носи го со себе, за да немаш слични проблеми.
И така до заврцестен идентитет…“, пишува Божиноски, кој ја послушал госпоѓата и навистина си направил слика.
На ова раскажано искуство на Божиноски, одговори и министерот за надворешни работи Никола Димитров. Тој најави реакција до Холандија и дека министерството ќе продолжи да настојува Преспанскиот договор, во случајов делот за државјанството, доследно да се спроведува во сите држави. Притоа, Димитров појасни и дека државјанството не е нaциoнaлнocт во смисла на eтничкa пpипaднocт, туку ја одразува врската меѓу граѓанинот и државата. „Кај нас имаме мнозинство Македонци, но и eтнички Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци итн. Сите се македонски државјани“, објасни министерот.