На крстосување на кинески брод

Крис Роланд е австралиски фотограф од Сиднеј. Воглавно фотографира простори без луѓе, ама во најновата фото-серија тој се најде на крстосување на кинески брод. Во неговиот наутички фото-дневник, тој доловува како е да се биде единствениот што не зборува Кинески помеѓу 4000 Кинези, сместени на 18 палуби и во 2000 соби. Со други зборови, тоа е цел еден мини-свет.

photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462844362

Крстосувањата стануват сé попопуларни во Кина, и тоа како фамилијарен одмор. Помладите (!) се тие што им плаќаат на родителите и бабите и дедовците да дојдат со нив на крстарењето, а не обратно. Како резултат, на бродот има луѓе од сите возрасти и сите семејни групи.

photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462846250

(По)младите се занимаваат на симулаторот за сурфање, на импровизираните карпи за качување и на патеките за џогирање.

photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462844103 photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462845855

Постарите поминуваат повеќе време на релаксирање покрај базените и бањите и уживање во глетката.

photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462844130 photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462844045
photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462846490

Музичките театри, пак, се популарни и кај едните и кај другите, а со нив и живите свирки, караоке забавите, диското и казиното.

photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462846391 photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462846598

Популарноста на крстосувањата во Кина расте и веројатно така ќе продолжи. Тоа веројатно се должи на општествената трансформација што се случи во последните неколку декади. Богатството на средната класа порасна, и со тоа Кинезите сега имаат прилика да уживаат во повеќе одмори по теркот на западот, како што се крстосувањата.

photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462844155 photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462844142

Многу од постарите, пак, веројатно никогаш не патувале преку морето, па сакаат лесно и ол-инклузив искуство, а баш тоа го нуди крстарењето. Од друга страна, крстосувањето стана и статусен симбол за многу од Кинезите, особено оние од внатрешноста.

photographer-chris-round-cruise-ship-china-hong-kong-body-image-1462846642

- Реклама -