На колку радијација сме изложени во секојдневниот живот?

heres-how-much-radiation-youre-exposed-to-in-everyday-life[1]

Сите знаат дека радијацијата е смртоносна во големи дози, ама тоа што не многумина го знаат е дека сме изложени на радијација секојдневно и во секое време, и тоа од изненадувачки извори кои немаат врска со мобилните, на пример. Тоа не значи дека треба да сме постојано загрижени, сепак, бидејќи најголемиот дел од таа радијација е безопасна.

Оваа кратка анимација (на крајот на текстот) на Алекс Кузоиан од Business Insider дава увид во секојдневните дози радијација на кои сме изложени и прави споредба помеѓу неколку различни извори. На пример, да се живее во радиус од 80км од нуклеарна централа, те изложува на помалку радијација отколку безбедносните скенери на аеродромите, или помалку од банана. Сериозно. Или рентген; луѓето се загрижени од зрачењето кога прават рентген снимки, а всушност не знаат дека се изложени на повеќе радијација ако на пример патуваат со авион од Њујорк до Лос Анџелес.

Од каде оваа радијација околу нас цело време? Прво и основно, константно сме бомбардирани со радијација од вселената. Нашето магнетско поле блокира најголем дел од неа, ама мала количина од космичките зраци сепак успева да навлезе во нашата атмосфера. Паралелно, некои карпи и камења, почва и растенија се природно по малку радиоактивни.

Всушност, благодарение на нашата животна околина овде на Земјата, сите ние сме изложени на радијација од околу 0.1 до 0.2 микросиверти позадинска радијација на час. Тоа е сосема океј, бидејќи за да бидеш убиен од радијација за кратко време потребни се 4 сиверти, т.е. 400.000 микросиверти на час.

А бананите? Бананите содржат потасиум, што е супер за нашето тело, но исто така и е многу малку радиоактивен. Така, бананите можат да нé изложат на дополнителни, но не и значајни 0.1 микросиверти. Дентален рентген, за споредба, емитира околу 5 микросиверти.

Пред да ги фрлите бананите и да ги откажете сите посети на забарот, почекајте и погледнете го видеото. Важно е да се има ризикот во соодветна перспектива. Така можеби и ќе се решите да ги оставите цигарите (ќе видите зошто), а ќе знаете и дека Чернобил не е најрадиоактивното место на Земјата.

- Реклама -