На колку години жените го достигнуваат сексуалниот врв?

Жените го достигнуваат сексуалниот врв на 26, мажите на 32 години.

Спротивно на популарното верување жените го достигнуваат својот сексуален врв порано од мажите.

Новото истражување на научниците од Атланта покажа дека претставничките на понежниот пол го достигнуваат својот сексуален врв на 26 години.

Кај мажите тој момент се случува подоцна – на 32 години. Во истражувањето учествувале 1.000 луѓе на возраст меѓу 18 и 65 години, а под „врв” испитаниците го разбираат „најубавиот секс во нивните животи”.

Резултатите го уништија постојното верување дека најдобар секс кај мажите е на 18 години, а кај жените дури на 35 години.

Истражувањето открива уште дека жените се оддаваат на својот прв сексуален партнер во просек на 16 години, додека мажите ја губат невиноста на 17 години.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Тоа значи дека по првиот обид жените чекаат околу 10 години за совршен секс, а мажите цели 15 години.

tumblr_ndk32hFdZf1tvnjqxo1_500

- Реклама -