Зимава се загушивме во смог. Како што објаснивме неодамна смогот е всушност магла измешана со други загадувачи во градовите. Главната причина за формирање на смог е зголемувањето на загадувањето на воздухот, што во Скопје, Тетово и Битола веќе неколку месеци е над дозволеното.
Меѓу главните загадувачи на воздухот во денешно време се сулфур и азот диоксид од автомобилите, различни индустриски загадувачи како јаглерод моноксид, испарливи органски соединенија, озон и честички. Тие се мешаат со маглата, за да формираат густи слој во атмосферата, наречен смог. Тој обично се задржува во текот на целиот ден, што доведува до разни болести. Еве кои се тие:
Нарушена функција на белите дробови: Штетните честички во воздухот ги напаѓаат белите дробови, со што го намалуваат нивниот функционален капацитет, а сето тоа е проследено со напади на отежнато дишење и кашлица.
Кашлица: една од главните начини на кои се одразува загадувањето е предизвикувањето на кашлица. Ова се должи на вдишувањето на смог, кој може да доведе до удар, откако претходно ги иритира дишните патишта.
Астма: Штетните честички, кои се наоѓаат во смогот, доведуваат до тешкотии во дишењето кај луѓето со астма.
Бронхитис: продолженото изложување на смог го влошува и бронхитисот. Кај него слузокожата е воспалена и иритирана од загадувачите.
Иритација на очите: загадувачите во воздухот имаат тенденција да ја дразнат слузницата на окото, што предизвикува различни инфекции, кои доведуваат до црвенило или оток.
Смогот е природен феномен, кој е резултат на човековите активности. За да спречите проблеми со здравјето бидете изложени надвор колку што е можно поретко. Пред се, избегнувајте места во кои има огромни количества загадувачи на воздухот како големи раскрсници, индустриски зони и друго. Покријте го лицето со шал, за да го спречите вдишувањето на смог. Не заборавајте дека и вие имате придонес кон загадувањето – со возилото или шпоретот на цврсто гориво, на пример.