Секое дете би посакало татко му да биде супер кул пиратот Џек Спароу, но синот на Џони Деп има друг омилен јунак.
Кога Роберт Дауни Џуниор и неговата сопруга Сузан дошле на вечера во домот на Џони Деп, малиот Џон, 11-годишниот син на Деп, заборавил на својот познат татко кој го глуми Џек Спароу во „Пиратите од Карибите“ и станал апсолутно опседнат со Ајронмен кој седел спроти него на трпезата.