Најбрз интернет на светот има Јужна Кореја. Во регионот најдобра е Словенија, а најслаба е Албанија.
Ако ви затреба најбрз интернет, правец во Јужна Кореја. Според извештајот кој излезе оваа седмица, Јужна Кореја ги победи сите земји кога станува збор за телекомуникациската инфраструктура.
Извештајот го изработи Меѓународната телекомуникациска унија (ITU), а се базира на мерења низ фактори за секоја земја.
Второто и третото место им припаѓаат на Данска и Исланд, додека да речеме САД се наоѓа на 15-то место.
Кога станува збор за регионот, изненадувачки е што Словенија е прва во регионот ( се наоѓа на 33 место на листата), следна е Хрватска (45), Бугарија (50), Србија (51), Македонија (60), Црна Гора (65) , Босна и Херцеговина (77) и Албанија која се наоѓа на 94-то место.
Листата вклучува 167 земји од целиот свет.