Во главниот град на кинеската провинција Шанкси – Ксијан, градските инспектори строго ја контролираат работата на уличните чистачи. Од неодамна, воведоа и новитет – мерење на количината на прав на улиците.
Инспекторите земаат примероци од неколку површини од метар квадратен, и ги мерат. Ако пронајдат повеќе од 5 грама прав на метар квадратен, чистачот добива опомена. Ако собере три такви опомени, чистачот лета од работа, а неговиот надреден се соочува со дисциплинска мерка.
Ванг Гванхаи е еден од засегнатите чистачи. Има 62 години. Вели дека почнал да работи прекувремено за да ги избегне опомените. Сега, вели тој, работи од 4 наутро до 18 часот попладне. Во една своја смена, улиците ги чисти и до пет пати.
Сега и други провинции, како Шангдонг, Хебел и Жонгвеј, имаат намера да воведат слични мерки.
Новите правила наидоа на остри критики од многу од Кинезите. Очигледно, тие се свесни дека со оглед на големото загадување на воздухот во тој регион, работата на комуналците е сизифовска.