НА КЕЦ КО ВРАТА, ГИНЕ ЦЕЛА ПЛАТА!

kladilnicaУ сабота на пладне коа ќе влезам у кладилница, го наоѓам веднаш одговорот, зашто у сабота на пладне, нема публика на стадион на пример. 30 кладилници у населбата, у која дремат по минимум 100 нетуширани говеда, е бројка од околу 3 000 души. Десетина населби во Скопје, населени места и слично, и тоа е бројка од некаде околу 50 000 луѓе кои дремат у тоа кладилниците и зјапаат у телетекстите као да се шлогирани.

А еден просечен кладионичар, тоа се оние зихерашите кои сакаат со мочани 50 денари да се збогатат, у текот на денот остава најмалку по 3-4 такви зихерашки талони. 200 денари на ден или некаде околу 5-6000 денари месечно. Фрлени у канта со ѓубре, 100 драгоцени евра у земја у која просечната плата е 300….400. Ем без пари, ем заробен у ќумез каде мишките креваат невидлива димна завеса.

Секој залутан гангстер, бизнисмен, професор, просјак на семафор, го вади својот ситнеж, за да го остави на шалтерот каде никој не успеал да победи. Откако постои ова зло на планетава, речиси и да  нема играч кој е во добивка. Секој добиен талон, носи 3 пати поголема загуба во наредните уплати. На глава да застанеш, не можеш да ги надитриш математичките заебанции у билтените. Поготово не денес, кога спортот е бизнис и кога моќните спортски елити играат и штелуваат за сопствен профит и за профит на газдите на куќите на обложувањето.

Го заболе и Реал и Барса стапот, дали у една недела ќе изиграат Х а вашите талони ќе изгорат. Ќе мрчите пола саат и веќе сте над други утакмици. И Реал и Барса вртат десетици милиони, нивните играчи по утакмица идат да коваат скупи манекенки. Вие кладионичарчињата, откако ќе ви изгори талончето, идете дома без чоколадото за вашиот внук, без пивото за после ручекот и без сончевото пладне. Денот отишол у неповрат,а така е со години и години…Остаревте, осиромашивте на тие скупи шалтери бе пријателчиња.

А наједноставен начин да си го кренете стандардот за едно 100 тина евра е едноставно да и се плукнете на  таа ебана институција. Да почнете да го гледате фудбалот како игра и да навивате за послабиот противник. Наместо да уплаќате талони кои се со 90 насто од старт загубени, да ги земете вашите сакани и да ги седнете на ручек. Викендот е подарен за насмевка и здравица со блиските а не за одење по паметот на оние блогеришта и типстеришта кои ви шиткаат некои добитни талони. Добитни се жими кур? Од 20 можеби 1…

Кога бе мајку му ќе ги извадите тоа недобитните талони у јавност? Блогеришта и опасни типстеришта, кои продавате стручност на 1 од 15 ваши талони кои ви влагаат за време на викенд? Извадете ги на увид сите талони кои вие ги типувате, за да видат луѓево по која цена продавате муда за бубрези. Ја ако гаѓам у кладиона, не би имал потреба да шиткам добитни талони и некој да ме кешира од напред. Ќе си играм и ќе си крцам. Но начиниот на измама е добро смислен. Тој што се заебал да ви пљукне на уплатница за брзо ќе свати што продавате. Оној кој ги гледа само вашите добитни талони, нема да дознае додека не се изгори на своја кожа. Но секако. Секој што има над 18 години, одговара за своите постапки. Не се криви шиткачите туку вие бе батиња. Дај акнете ја тоа тимбата и мрш дома кај семејствата. Земете го вашето внуче или дете и однесете го на некој натпревар во парк. Многу поквалитетно време за провод, него ли два периоди од по 90 минути, кои на крај завршуваат со плукање у корпа со отпадоци….

НАПИША:БУЛЕВАРКО

- Реклама -