На Јутјуб се појавија аудио-снимки каде што се слуша глас кој наликува на познатиот бизнисмен кој е сведок во „Ректе“, но и обвинет во случај на СЈО. На снимките може да се слушне како лицето бара контакт со Вице Заев и се заканува ако не се заврши работата ќе има последици. И дека доколку не дојде до договор ќе „бoмбapдиpaaт“ со материјали од Бугарија како Ким Јонг, но се открива и блискост и координираност со опозицијата.
– „Шефе, ако не се смири топката, дај да пробаме да направиме некакво смирување и нешто со ВМРО-ДПМНЕ, они двајца со некакви двајца медијатори наши, странски, да се закопаат секирите сите, привидно да се глуми кавга, они ќе изгубат, кај и да е ВМРО ќе си дојде. Ако треба кpв, и кpв. Имаш деца, имаш машко дете. Ќерка му е што ме боли к…т. И да не нема тоа е, ама нема да дозволам да ми го газат достоинството. Јас со Сашо Мијалков се расчистив.“
Не е познато кој е соговорник и како е сниман разговорот. Снимките траат по 10 секунди.
Извор А1он.