Na-ion (натриум-јонска) е новата и двојно поиздржлива батерија

Верувале или не, се ближи моментот кога мобилните телефони ќе може да се напојуваат со сол. Поточно, за изработка на новиот тип на батерија ќе се користи натриум, кој го има во прехранбената сол.

shutterstock_258296363[1]

Натриумот не само што го има во изобилство, што го прави поевтин од сега користениот литиум, но и батериите направени од натриум ќе акумулираат повеќе енергија, ќе се вчитуваат побрзо и ќе имаат подолг живот. Таква е визијата на француските истражувачи, кои го претставија првиот прототип на батерија означена како Na-ion (натриум-јон). Научниците веруваат дека технологијата може да се адаптира за складирање на енергија од обновливи извори како ветер и сонцето што ќе помогне да се надминат ограничувањата на овие ресурси.

Прототипот е во формат на 18650 – ќелија, слична на голема AA батерија каква што обично се користи во преносните компјутери, како и во електричните автомобили Tesla. За време на циклусите на полнење и празнење, натриумовите јони се движат низ течноста од една кон друга електрода. Енергетската густина на новите ќелии е приближно 90 ват-часови по килограм. Оваа вредност е околу половина од енергетската густина на современаta батерија, но е споредлива со првите произведени литиум-јонски ќелии. Дури и таквата вредност е два пати поголема од енергетскиот потенцијал на оловно-киселинската автомобилска батерија.

Тестовите покажуваат дека новите ќелии се во состојба да издржат најмалку 2.000 циклуси на полнење и празнење, без да загубат од својот квалитет. За споредба, литиум-јонските батерии издржуваат помеѓу 400 и 1200 циклуси. Најголемиот поттик, па и гаранција за комерцијализација на технологијата е економската корист – натриумот се среќава 1000 пати почесто отколку литиумот.

Батеријата Na-ion веќе помина од лабораториска кон предпроизводствена фаза, што е важен чекор кон зголемување на енергетскиот капацитет и понатамошниот развој на мобилните уреди.

- Реклама -