На грчките средношколци им забранија екскурзии во странство

Владата на Алексис Ципрас соопшти дека цврсто стои зад одлуката да се забранат екскурзиите во странство за учениците од средните училишта. Образложението е дека со тоа ќе се поштедат од трауми учениците кои доаѓаат од семејства со лоша материјална состојба.

Министерството за образование појасни дека забраната се однесува на екскурзиите кои се организираат во културни и образовни цели, а не и за традиционалната повеќедневна екскурзија која се организира во завршната година во средно. Бидејќи таа е организирана чисто поради забава, ќе може да се спроведува како дома, така и во странство.

Грчкото министерство наведува дека одлуката ја донело зашто процениле дека многу од грчките семејства не се во состојба да ги покријат трошоците за таквите екскурзии. Затоа се поттикнуваат (читај: приморуваат) школите едукативните екскурзии да ги организираат на територија на Грција. Одлуката од неодамна стапи на сила.

Нас ако нè прашате, потрауматично за учениците е да не одат на таа најзабавната екскурзија, отколку да не го видат Лувр (иако сме тотално ЗА култура), ама Грците си знаат.

 

- Реклама -