Велат дека доколку сте разочарани од љубовта , треба да одете „на гости” кај Јулија. Кога чувствувате дека никој не може да ја разбере вашата болка, посетата на резиденцијата на една од најпознатите хероини во литературната историја, обележана со силата на злочестата љубов може да помогне.
Иако познатиот балкон во Верона е нереален, тажните приказни напишани во писма и обесени на ѕидот под него, се сосема реални.
Секој ден луѓе од целиот свет го посетуваат домот на Јулија и ги оставаат своите писма. Група доброволци -” Juliettes” – ја презеле иницијативата да вршат делумно поштенски и делумно терапевтски услуги. Тие редовно ги собираат писмата, ги читаат и ги одговараат, нудејќи им на разочараните практични совети. Ова секако дека е добар трик за привлекување на туристи, но многумина велат дека да се исповедаш пред непознат човек, може да биде навистина корисно.
Во продолжение уживајте во една од најубавите филмски музички теми, на сите времиња…