На Џони Деп му се заканува затворска казна од 10 години!

Актерот пореди големи сопствени пропусти би можел да заврши зад решетки.
Австралиските власти неодамна го предупредија актерот Џони Деп за своите две кучиња кои мора да ги изнесе надвор од земјата. Поточно, актерот го прекршил строгиот австриски закон за карантин. Тој ги донес своите јокширски териери Пистол и Боо во Австралија, каде го снима продолжението на „Пиратите од Карибите“, без обезбедување на соодветна дозвола за кучиња.

Screenshot_17

Сега владини претставници објавија дека актерот се соочува со затворска казна од 10 години за прекршување на законот или парична казна од 172,000 фунти, известува Sky News. Официјални истражувачи тврдат дека Деп, заедно со другите патници и членови на екипажот, кога влегле во Австралија, намерно пропуштил да го пријави влезот на кучињата во земјата.

Прочитајте и:  Австралија: Милионски казни за социјалните мрежи ако не спречат пристап за лица помлади од 16 години, корисниците ќе треба да се идентификуваат

Наводно, кучињата се откриени по објавувањето на фотографии од салонот за разубавување на кучиња, каде кучињата на Деп биле на третман.

Screenshot_16

Кучињата, во меѓувреме, со сопругата на Деп, Амбер Роуз, се вратиле назад во Калифорнија, пренесува The Guardian, а се чини дека познатиот актер се уште има работа со австалиските власти за своите пропусти.

- Реклама -