НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Собранието на Македонија усвои знаме со ѕвездата од Кутлеш, кое денес се забранува за јавна употреба

На 11 август 1992 година со одлука на Собранието на Република Македонија беше усвоено државното црвено знаме со златно-жолто сонце, со осум основни и осум споредни сончеви зраци.

Инаку, македонското официјално знаме кое е на црвена позадина и има златно сонце е усвоено на 5 октомври 1995 година, со што го заменува старото македонско знаме. Сонцето е со осум сончеви зраци кои се прошируваат од сончевиот диск кој е на средината и преставува „ново сонце на слободата“ како што се опева во националната химна „Денес над Македонија се раѓа ново сонце на Слободата“.

Колку и да е свето македонското знаме, колку и да е посакувано, сепак тоа никогаш не успеа да го обедини народот во Македонија, како што тоа го направи старото македонско знаме на кое се наоѓа ѕвездата од Кутлеш. Тоа знаме не само што ги обедини сите Македонци како дома така и од диаспората, туку беше почитувано и од останатите во земјата.

Во годината на премрежје, на 11 август 1992 година, по тешки и долготрајни усогласувања во Уставната комисија, прифаќајќи го сонцето како симбол, Собранието успеа да го усвои симболот на државата, кој прв пат ги обедини сите Македонци. На тој ден, Собранието на Република Македонија ги усвои знамето (црвена основа со шеснаесеткрако жолто сонце) и химната (“Денес над Македонија”) на Република Македонија (“Сл. весник на Р М.” бр. 50/92 од 12.08.1992 год.)

- Реклама -