На денешен ден почина Петре М. Андреевски, еден од најголемите македонски писатели

Петре Мито Андреевски е роден во с. Слоештица, Демирхисарско на 25 јуни 1934 година. Тој беше македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи.

Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања.

Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.

Творештвото на Андреевски е разновидно и опфаќа: романи, поезија, раскази, драми, есеи и детска книжевност.

Неговите дела се преведени на повеќе јазици: српски, хрватски, француски, романски, англиски, шпански, јапонски итн.

Во два наврати (1984 и 2002 година) биле објавени одбраните дела на Андреевски, во пет и во шест тома, соодветно.

Андреевски бил добитник на наградите: „11 Октомври“ (во 1968 година), „Браќа Миладиновци“ (двапати), „Рациново признание“ (двапати) и „Стале Попов“ (двапати). Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза, а збирката “Дениција“ ја има означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам

Во 2007 година посмртно бил одликуван со Орденот за заслуги за Македонија.

Во негова чест денес се отсетуваме на една од најубавите песни од ,,Дениција”

ПЕСНА ЗА НЕЈЗИНАТА ПЕСНА

Петре М. Андреевски

Немаше земја кај што не ја сретнав неа,

Прочитајте и:  Младата поетеса Пауновска, во Данска направи промоција на книгата поезија „Нецелосна“

оти без неа бев никој и никој не ме познаваше.

По нејзината воздишка го запомнував воздухотза да можам да ја стигнам, незабележан од никого,

но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот.

Објаснувајќи ја како семир во купечко јаболко,

главата ми ce полнеше со запаливи течности, бели и црвени дождови капеа од овошките,

житата и шумите ја следеа во групни походии

cе околу неа ја добиваше нејзината форма.

Кај што јас влегував,

таа излегувашеод отворите ја мразев само нивната празнина.

Me рануваше како невеста, ме целеше како сестра

блажената ноќ што ја открив во неа.

Бев првиот иследувач на таа топла темница неисцрпна како ѕвездите и бесцените камењакои вечно ce празнат,

a никако да ce потрошат.(Каков страв ce пребра во допирот со таа кожашто болскаше и заоблуваше како свртено вретено.)

Огнот и водата добиваа паралелна брзинаи во збирот љубовен постојано ce одземаа.

Cи што ce уништуваше беше заради неа

и cи што ce обновуваше беше заради неа.

Така светот ce делеше на видлив и невидлив,

на неослободени земји и на земји во развој,

но немаше земја кај што не ја сретнав неа.

- Реклама -