На денешен ден е роден академикот Васко Ташковски, претставник космичките теми во македонската ликовна уметност

На денешен ден е роден академикот Васко Ташковски во Нижеполе, Битолско. Тој е македонски сликар, водечки претставник на надреализмот, фантастичното сликарство, еколошките и космичките теми во македонската ликовна уметност, со широка афирмација на Балканот, во Европа и во светот.

Завршил средно уметничко училиште во Скопје во 1958 година, а потоа дипломирал на Академијата за применета уметност во Белград во 1964 година. Освен со сликарство се занимава и со наменска сценографија за театар, телевизиски и филмски прокти, како и сценографии за разни манифестации (музички и театарски фестивали, јавни настани од областа на културата). Подолго време работел како сценограф во Македонската телевизија (1965-1991), со над 300 реализирани сценографии. Работел и како илустратор на повеќе изданија. Се занимава со сликарство, сценографија, илустрација и др.

Покрај сликањето во маслена техника, работи и акварел, цртежи и графика. Повремено работи и графички дизајн.

Во својот творечки опус, Васко Ташковски има повеќе циклуси составени од најразлични теми насловени како: „Екологија“, „Урбани мравјалници“, „Крајбрежни случувања“, „Пристаништа“, „Коњи“, „Корења и организми“ и други слободни мотиви. Во рамки на своето богато уметничко творештво реализирал над 750 слики во маслена техника, 2500 акварели, 1000 цртежи, над 10.000 скици и голем број графики.

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

Неговите дела се наоѓаат во голем број приватни колекции, галерии, музеи и установи во земјата и светот, од Македонија и Европа, до САД, Австралија и Националниот музеј на Кина во Пекинг (2005).

Има остварено 50 самостојни изложби во земјата и во светот светот, меѓу кои во: Шибеник (1965), Скопје (1969, 1970, 1973, 1982, 1987, 1988, 1990, 1994, 1995, 1998, 1999, 200, 2002, 2005, 2007 и јубилејот по повод 50 години творештво во 2015 во ликовниот сало на МАНУ), Каиро (1981), Париз (1992), Анкара(1996, 1998), Њујорк (2000), Виена (2001), Цирих (1996), Крајова (1996), Битола (1969, 1983, 1988, 2001), Струмица(1970), Охрид (1988, 1996), Струга (1988, 2005), Велес (1988), Штип (2003), Белград (1977), Загреб (1977, 1989), Зрењанин (1988), Ниш (1988) итн. Учествувал на повеќе групни изложби во земјата и надвор, на тематски изложби итн.

По повод 50 години од првата изложба, во месец септември 2015 година во ликовниот салон на МАНУ ја одржал својата изложба на 51 слика во маслена техника насловена како „Енергии во просторот“.

- Реклама -