Според најновото истражување во Journal of Sexual Medicine, просечниот пенис во САД е долг 14.45 сантиметри. Од друга страна, производителите кондомите ги произведуваат со минимална должина од 16.9 сантиметри.
Тоа е една од главните причини што само околу една третина од Американците користат кондоми, наведува Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), потсетувајќи дека погрешната големина доведува до изместување и лизгање на кондомот и со тоа го намалува уживањето, а пак некористењето на заштита доведува до повисока стапка на сексуално преносливи болести и непланирана бременост.
Од тие причини, Агенцијата за храна и лекови (FDA) одобри производство и продажба на помали кондоми во земјата.
via Кајгана