Од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ќе престојува делегација на Српската Православна Црква предводена од српскиот Патријарх г. г. Порфириј, „со радост“ соопштија од Канцеларијата на Светиот Архиерејски Синод (САС) на МПЦ – ОА.
Како што се вели во соопштението, на 24 мај, со почеток од 9 часот во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост Српскиот Патријарх г. г. Порфириј и Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена Литургија.
„Го повикуваме верниот народ на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија да земе молитвено учество“, повикаа од МПЦ-ОА.