МЗТ со убедлива победа против Работнички во вечното дерби

МЗТ Скопје славеше победа со 70-56 (48-28) во вечерашното вечно дерби против Работнички.

Дуелот беше прекинат на самиот почеток од втората четвртина, откако беа фрлени голем број петарди и чадни бомби на паркетот, што беше причина прво кошаркарите од Аеродром да се повлечат во соблекувалната, а потоа истото да го сторат и домашните играчи. Прекинот траеше речиси час и пол а кошаркарите се вратија на теренот откако полицијата ја испразни салата.

Што се однесува до натпреварот, на паркетот уште од почетокот имаше еден тим, а тоа беа аеродромците. МЗТ уште по првата четвртина имаше 20 поени предност, разлика која беше и на полувремето. Во вториот дел тимот од Градскиот парк не успеа да ја поправи сликата, па на тој начин МЗТ запиша уште една победа во дуелите на двата големи ривали.

Прочитајте и:  Прекин на дуелот меѓу Работнички и МЗТ

Mилош Копривица со 15 поени беше прво име кај МЗТ, додека кај поразените Стојан Ѓуровски заврши со 12 поени.

- Реклама -