МЖСПП: Аплицирале и добиле проекти и општини кои се водат од градоначалници на ДУИ и Европскиот фронт

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) денеска соопшти дека од последните проекти наменети за општините, за кои Владата на Северна Македонија донесе одлука пред неколку дена, во ова Министерство аплицирале и добиле проекти и општини кои се водат од градоначалници на Демократската унија за интеграција и Европскиот фронт, како што се општина Арачиново, општина Кичево, општина Липково, општина Врапчиште, општина Шутка.

-И ова докажува само едно – дека во никој случај не сме тргнале од принципот на партиска припадност, туку од принципот дека граѓаните ги ставаме на прво место, односно придобивки да имаат граѓаните и само граѓаните. Следствено, со најголема искреност изразуваме подготвеност до Општина Сарај, која истовремено е предводена од ДУИ, да им помогнеме во подготовката на проектите, затоа и рокот за аплицирање е продолжен за уште 1 месец за да граѓаните можат да имаат корист од овие проекти, се наведува во соопштението.

Прочитајте и:  Меџити: И јас тврдам дека немаме закон за албанскиот јазик, ДУИ се хистерични

Од Министерството посочуваат дека ќе бидат на услуга на општина Сарај со сите капацитети, со кадровски и стручни лица, односно со сиот административен потенцијал за да им помогнат да креираат добри и квалитетни проекти и да ги добиваат истите и да имаат корист граѓаните, бидејќи, повторуваат, не им е важно кои се градоначалници на општините.

-За нас е важно жителите на Сарај да имаат придобивки и да им се решат проблемите и да имаат подобра инфраструктура и да имаат повисок стандард за живеење. Уште еднаш за крај нагласуваме нема да оставиме никого. Не нè интересира партиската припадност на градоначалниците на општините, ние сме заинтересирани да помогнеме што е можно повеќе средства да стигнат до секој Албанец и до секој граѓанин во Северна Македонија, се вели во соопштението од Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Реклама -