MyType тастатура во вашиот џеб

Тастатурата myType е дизајнирана од Brunn W. Roysden и може без проблем да се превитка и стави во џеб.

Со компатибилни уреди се спојува преку Bluethoot. Работи со iPhone втора и трета генерација на iPad, iPod Touch како и таблети со оперативен систем Windows 8 и Android.

Оваа тастатура им овозможува на корисниците оптимална функционалност исто како и тастатура за десктоп компјутерите. Кога не е свиткана,тастатурата е долга 30 сантиметри и има USB порта за полнење. Нејзината батеријата трае осум часа, и е отпорена на вода. Нејзиниот максимален опсег е 10 метри.

35f43f5e3085e26892adaa6d10783af4_large

Тастатура ќе биде достапен во црна, бела, сина и розова. Целта на кампањата на kickstarter, кој трае еден месец, беше да се соберат 10.000 $, а сега таа сума е двојно зголемен.

Текстот е објавен во соработка со telefoni.com.mk

- Реклама -