My Album Generator

album_generator.jpg Немате идеја како да се вика вашиот бенд? Затоа постои интернетот. My Album Generator ќе ви смисли име на бендот, име на вашиот прв албум, дури и ќе ви пронајде и омот за него. My Album Generator функционира на едноставен начин, името за бендот ќе го најде по случаен избор од Википедија, името на албумот ќе го избере од базата со цитати, а за  омот имате фотографија од Фликр. (Можете да изберете и опција за металски албум.) Интересна страница за тепање време, а може и да послужи како инспирација за оние кои се спремаат да направат музичка кариера.

- Реклама -