МВР: За три часа откриени и исклучени од сообраќај 63 неисправни возила што вршат јавен превоз

Фото: Архива

При акциска контрола МВР открила и санкционирала 63 неисправни возила што вршат јавен превоз во земјава. Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.

„Министерството за внатрешни работи спроведе вчера во период од 8 до 11 часот спроведе акциска контрола за техничката исправност на возила што вршат jавен превоз на патници, претежно автобуси и комбиња. При контролата откриени и санкционирани се 63 неисправни возила“, се вели во денешното соопштение од МВР.

Од нив, 31 возило имало неисправен уред за запирање, а две возила неисправен уред за управување.

Од овие 63 возила, 22 биле санкционирани на територија на СВР Скопје, 16 на територија на СВР Охрид, 8 на територија на СВР Тетово, 5 на територија на СВР Штип… Сите неисправни возила исклучени се од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.

МИА

- Реклама -