МВР распиша потерница по Груевски

Откако пропаднаа и денешните обиди на Кривичниот суд да го најде Никола Груевски и да му го достави решението за веднаш да се упати во затвор, попладнево МВР распиша потерница по експремиерот. Оној момент кога Груевски ќе биде пронајден, МВР присилно ќе го спроведе во затворот Шутка, пренесува СДК.

“Ве известуваме дека Основниот суд Скопје 1 издаде наредба за приведување на лицето за кое прашувате и на 12.11.2018 во 16:30 часот ја достави до СВР Скопје и побара издавање на потерница. Министерството за внатрешни работи веднаш откако му беше доставена, постапува по наредбата”, соопшти МВР по серијата прашања денеска каде е осудениот Груевски четири дена.

Ако Никола Груевски до полноќ сам се пријави во затворот, таму може да добие подобар третман и услови, што не е случај кога би влегол внатре како бегалец уапсен со потерница, велат од Управата на затворот, пренесува ТВ 24.

 

- Реклама -