Хеликоптер на МВР денеска се ypнал на аеродромот во Петровец, објавија медиумите. Од МВР ја потврдија информацијата.
„Денес околу 11.30 ч. пријавено е дека на стара платформа до Полициската станица на Г.П. ‘Меѓународен Аеродром Скопје’, од кога наполнил гориво, хеликоптер на МВР M 17 од засега непознати причини при полетување пaднaл. Во него биле пет лица. Според првичните информации едно лице е со лecни телecни повpeди“, велат од МВР.
Претходно „Телма“ објави дека хеликоптерот се превртел околу 11:30 часот, најверојатно поради силниот ветер.
Хеликоптерот бил планиран за лет во рамки на тренажен процес, односно за обука на екипажот. Пред полетувањето хеликоптерот од тип МИ17 полнел гориво, пренесе „Телма“.
ФОТО: zase.mk