Македонската полиција е на терен и помага во гасењето на пожарите, соопшти на официјалниот Фејсбук профил Министерството за внатрешни работи, споделувајќи, притоа, и видео кое на кое се гледаат последиците од еден од пожарите.
Видео линк: https://fb.watch/7agpwJOxt5/
Вчера МВР доби „засилување“ во форма на четири хеликоптери во сопственост на српското Министерство за внатрешни работи. Министерот Оливер Спасовски, изразувајќи благодарност до српската влада, претседателот Александар Вучиќ и српскиот министер Александар Вулин, истакна дека е особено важно што како држава не сме оставени сами на себе, туку ги имаме нашите пријатели, во случајов од Србија.
Како што беше денеска објавено, се работи за три пожарникарни хеликоптери – два „bel“ и еден „H-145“, како и еден извиднички од типот „газела“. Тие утрово биле ангажирани за гаснење на пожарот во кумановското село Дренак, при што извршиле 21 налет и испуштиле околу 25 тони вода (фотки ТУКА).