МВР нема технички можности за видео и аудио надзор на Мијалков во куќен притвор?

Министерството за внатрешни работи нема технички можности/опрема за видео и аудио надзор на Сашо Мијалков додека е во куќен притвор, објави „А1он“, повикувајќи се на официјална информација од министерството.

Според одговорот од МВР, Мијалков не носи ниту електрична алка за ГПС-следење. Наместо тоа, дознава „А1он“, екс-шефот на УБК, во објектот на Водно, го чуваат околу 20 припадници на полицијата (прочитајте подетално ТУКА).

Да потсетиме, викендов Кривичниот суд не го послуша барањето на Обвинителството за одредување затворски притвор и наместо тоа на Мијалков му одреди куќен притвор со 24-часовен аудио и видео надзор. Вчера, пак, медиуми известуваа дека при пренесувањето во притвор на Водно, Мијалков на раката имал алка за електронско следење.

- Реклама -