Украинското МВР го стави на потерница рускиот патријарх Кирил

Украинското Министерство за внатрешни работи го стави на потерница Патријархот на Москва и на цела Русија, Кирил и соопшти дека тој „се крие од предкривичната истрага“.

Патријархот Кирил е на потерница на Службата за безбедност на Украина од 11 ноември, а меѓу денешните ажурирани податоци од базата на украинското МВР, заедно со фотографијата на патријархот и световното име Владимир Гундјаев, како превентивна мерка се споменува и притвор.

На почетокот на ноември, властите во Киев објавија дека патријархот Кирил во отсуство е обвинет за задирање во територијалниот интегритет и неповредливост на Украина, но тогаш по него не беше распишана потерница.

МИА

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони
- Реклама -