МВР ЌЕ РЕАГИРА ДОКОЛКУ ОПШТИНИТЕ НЕ ЈА ПОЧИТУВААТ ЗАБРАНАТА ЗА „СОНЦЕТО ОД КУТЛЕШ”

Истече рокот со кој спорд договорот од Преспа повеќе не смее да се користи Сонцето од Вергина од страна на јавни институции, знамиња и грбови на општини и претптијатија . Од Владата велат општините и јавните претпријатија сами ги сносат трошоците поврзани со одредбите на договорот.

„Преспанскиот договор создава обврски за државите и јавните институциина двете страни . Тие се задолжени за негова имплементацја. Обврските и трошоците поврзани со имплементацијата на договорот се на товар на надлежните јавни институции кои ги имплементираат предвидените активности. Договорот не создава обврски за приватни ентитети но државата и јавните институции ги охрабруваат и потикнуваат приватните лица и ентитети доследно да го применуваат и почитуваат договорот во пракса.“

Од МВР пак кратко велат дека доколку има дојава од општина или граѓанин за неимплементација на некоја од одредбите од страна на јавни институции претпријатија или општини се должни да постапуваат по пријавата.

Она што ги одбележа изминатите денови пак беше тргањето и бришењето на сонцето од Кутлеш кое беше заштитен симбол и на некои јавни институции како и на ЈП Водовод и канализација но сега веќе е тргнат овој симбол. Тимови на овие претпријатија деновиве работеа на бришење на овој знак и отстранување од шахтите низ градските улици и јавни површини, иако пак кај поединци ова најде на негодување па на своја рака се обидуваа да ги вратат тргнатите симболи.

Во меѓувреме пак во соседна Грција ваквата акција која е актуелна кај нас на домашен терен се најде и на социјалните мрежи каде се постираа дури и слики со маички од шахтите на кои пишува „Сега гледаш, а сега не“.

И додека на голема врата кај нас Властите и институциите се фокусирани на одредбите од Преспанскиот договор па дури и на спомениците се поставуваа табли со назнаки дека се дел од хеленската и античката историја, во соседна Грција и натаму се одвива бавно речиси и незабележително имплементацијата на договорот.

Се уште на автопатите стојат назнаките со табли на кои стои ФИРОМ и Скопје. Аналитичарите пак велат дека порано или подоцна Грција ќе мора да пристапи кон имплементација на одредбите и да покаже како и досега дека е сериозна земја членка на ЕУ и НАТО која ги почитува меѓународните договори а токму таков е и Преспанскиот договор.

Со сличен став излегоа и дел од грчките медиуми и весиници кои анализираа дека грчката актуелна и нова Влада на Мицотакис, не смее да си дозволи да го заборави Преспанскиот договор и неговата имплементација.

- Реклама -