МВР: Кај „рибари“ во демиркаписко пронајдени пушка, експлозиви, харпуни…

Тројца „рибари“ вчера околу 01:00 часот биле лишени од слобода од страна на полициските службеници од ПС Михајлово во село Дрен, демиркаписко, при контрола на возило „нисан“ со штипски регистарски ознаки.

Возилото, управувано од М.М. (44) од Штип, било запрено кај местото викано „Брана“. Во него, како сопатници, биле и  Г.И.(31) од Штип и Т.Л. (45) од Демир Капија.

При контролата, во возилото полицијата пронашла ловечка пушка, рибарска опрема за криволов, три парчиња експлозив, патрони, харпуни и др., информираат од МВР.

По лишувањето од слобода, против нив ке биде поднесена соодветна пријава.

- Реклама -