МВР: Ги направивме сите проверки, пријавата за напад е лажна

Пријавата за напад е лажна, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи.

„Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила“, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.

Оттаму упатуваат благодарност до граѓаните за трпението и до медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата.

Попладнево, поради пријава за напад беа евакуирани неколку објекти во центарот на градот меѓу кои МИА, СЕП, ДКСК, МНР, а блокирани беа сите приоди кон МНТ. Министерството за внатрешни работи соопшти дека постапува по пријава за напад откако едно лице се јавило во билетарницата на МНТ.

Прочитајте и:  Се вршат разговори со лица кои би можеле да имаат сознанија за експлозијата во Керамидница

МИА

- Реклама -