Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за борба против корупција – Љупчо Николовски и министерот за здравство – Венко Филипче, ќе треба да платат казни од 50 евра во денарска противвредност, откако МВР ги казни за неносење кацига додека возеле мотор.
Според порталот „Центар.мк“, кој ексклузивно ги објави прекршочните налози, казните за високите владини функционери се доказ дека законите важат за сите подеднакво и дека МВР, со Оливер Спасовски на чело, неселективно ја спроведува правдата.
И додека @o_spasovski спроведува акција против мотоциклисти во Скопје, неговиот газда @Zoran_Zaev вози БЕЕМВЕ без заштитна кацига 👉 тоа е тоа КУРЧЕЊЕ, коор му е држава му е pic.twitter.com/fq83B80MmY
— Демир (@Trollowsky) September 20, 2020