На 20 август 2020, во нива во близина на патниот правец помеѓу с.Калишта и с.Франгово – Струга, по оперативни сознанија пронајдени се 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метални сандаци со муниција со калибар 7,62 и 12,7 мм, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20мм, соопшти МВР.
Од Министерството додаваат дека се известени Основното јавно обвинителство–Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.