Музиката – новиот показател на берзата

Повеќе...

Младиот американски економист Филип Мејмин тврди дека постои врска и зависност помеѓу ритамот на поп музиката и движењето на финансиските пазари. 

Младиот американски економист Филип Мејмин тврди дека постои врска и зависност помеѓу ритамот на поп музиката и движењето на финансиските пазари. 
molitva.jpgАсистент по предметот "Финансии и проценка на ризикот" на Политехничкиот Универзитет во Њујорк, Филип Мејмин неодамна ја објави својата атипична студија. Имено, тој се занимавал со подредување и споредување на песни кои од 1958 до 2007 се нашле на американските топ 100 листи со берзанските флуктуирачки индекси на "Standard & purs", основана во 1920 година. Неговото истражување покажало дека американците бираат лесна музика со спор ритам кога финансискиот пазар е несигурен. Но, кога пазарот е мирен и стабилен тие се определувале за ритмички многу побрзи песни, се вели во неговата студија. 

Од другите, пак, две страни на океанот, рецесијата натера стотици јапонски верници да ги посетат храмовите за новогодишните празници и да побараат утеха и помош од боговите. И Англиканската црква спремила специјална молитва за Британците кои ја изгубиле работата заради кризата. Во Молитвата за отпуштените од работа се вели: "Послушај го гласот на мојата безнадежност, помогни ми да ја согледам својата судбина, да ја смирам душата." Црквата предложила и "Mолитва за оние кои сеуште се на работа", но кои не престануваат да се стресуваат за своето работно место. "Кој од нас ќе биде следниот? Како да се соочам со притисокот на работа?" – се зборовите од молитвата.

- Реклама -