Украинскиот уличен музичар Сергеј Ивановиќ минатиот месец доби партнер на своите настапи – преслаткото куче скитник кое еден ден започна да „пее“ слушајќи ја неговата музика.
– Седев сам и започнав да свирам, а тој се појави од никаде е залаја на мојата музика, така што изгледаше како песна, вели Ивановиќ.
Дуетот нормално стана огромен хит, како на улица така и на интернет, а најдобриот дел од целата приказна е тоа што Ивановиќ по првиот настап го вдоми ова куче.