По осми пат, во чест на последниот концерт на Тоше Проески, ќе се оддржи настанот „Ѕвездено небо“.
Неговите фанови најавуваат нови мелодии, нови ноти, нова љубовна приказна преточена во нова песна која, како што велат, ќе биде уште еден доказ за љубовта и посветеноста кон музиката на прерано починатата поп легенда од овие простори.
Настанот ќе започне во 19.30 часот на плоштад Македонија.