Музичкиот видео сајт Muzu ќе му биде ривал на YouTube

muzuMuzu, веб страницата која ни доаѓа од Ирска, потпиша договори со т.н. „голема четворка“ во музичката индустрија – Universal, Sony BMG, Warner и EMI, како и со 7.000 други независни музички куќи со што се спрема да му стане конкуренција на популарниот YouTube. Сега музичките фанови добија место каде им е на располагање огромна архива со музички видеа, ексклузивни снимки и интервјуа.


muzu_1493380cMuzu, веб страницата која ни доаѓа од Ирска, потпиша договори со т.н. „голема четворка“ во музичката индустрија – Universal, Sony BMG, Warner и EMI, како и со 7.000 други независни музички куќи со што се спрема да му стане конкуренција на популарниот YouTube. Сега музичките фанови добија место каде им е на располагање огромна архива со музички видеа, ексклузивни снимки и интервјуа.

Во однос на квалитетот, а и со оглед на фактот што на веб страницата на Muzu секое видео е официјално лиценцирано и одобрено директно од самиот артист, Muzu може да го фрли во сенка YouTube, најпопуларниот онлајн видео канал за пронаоѓање и споделување видео клипови. Музичките фанови конечно можат да им кажат збогум на лошите снимки по кој YouTube стана препознатлив и да гледаат квалитетни видео материјали од своите омилени артисти. Според изјавата која ја даде компанијата, без разлика дали сте RnB дива или хеви метал рокер, на Muzu има за секого по нешто. Секој жанр кој може да се замисли е достапен.

Навистина, YouTube, кој е во сопственост на Google, во последно време се справува со голем број проблеми и спорови како тој со Warner, кога оваа компанија ги тргна музичките видеа од своите артисти од овој најпопуларен видео канал. Сепак, тешко е да се замисли дека нешто може комплетно да ја засени популарноста на YouTube, но добрата вест во целата оваа приказна е што музичките фанови си добија една ваква веб страница која нуди квалитетни и легални видео материјали, и тоа бесплатно.

- Реклама -