Популарното дуо направи необичен перформанс на уште понеобично место- во градски автобус!
Дали некогаш сте доживеале смешно шоу во јавниот градски превоз? Токму ова им се случи на група њујорчани, кои присуствуваа на перформасот на познатиот хип-хоп изведувач Меклмор и Рајан Луис.
Тие, всушност, влегле во случајно избран автобус и ја отпеале песната ‘Can’t Hold Us’, хитот од нивниот исклучително успешен деби албум ‘The Heist’.
патниците на почетокот биле збунети, но не им требало долго да сфатат за кого се работи наградувајќи го талентираното дуо со громогласен аплауз. Ова е изненадување од промотивната кампања во пресрет на 56-тото доделување на Греми наградите кои ќе се оддржат на 26-ти јануари, на кои треба да настапат со истата песна.
Не се сомневаме дека ќе бидат дочекани со овации.