Музичка листа за вежбање од филмови што ги обожавате

Како еден од оние што две години по ред донесуваат новогодишна одлука да почнат да вежбаат, знам дека можеби ќе имав поголеми шанси во спроведувањето на планот ако барем имав добра музичка плеј-листа при рака, барем кога трчам низ пазарче (како Роки).

^Роки вежба без музика. Тапа, нели?

Сепак, во мојот случај излезе дека не е до тоа (по хамбургерите сум), ама еве ви вас една добра и проверена, составена од песни  од исклучиво спортски филмови и сцени. А филмаџиите најдобро знаат да ја доловат драмата што ти е потребна додека трчаш низ пазарче, како Роки.

Rocky-II-montage[1]

1. Нормално, почнуваме со Eye of the Tiger – Survivor (од „Роки“)

2. You’re the Best – Joe Esposito (од „Карате Кид“)

3. Maniac – Michael Sembello (од „Флешденс“)

4. Holding out for a Hero (I Need a Hero) – Bonnie Tyler (од „Footloose“)

5. Chariots of Fire – Vangelis (од истоимениот „Chariots of Fire“)

6. Higher Ground – Red Hot Chili Peppers (од „The Karate Kid“ 2010)

7. My Hero – Foo Fighters (од „Varsity Blues“)

8. Centerfield – John Fogerty (од „Bull Durham“)

9. Thunderstruck – AC/DC (од „The Longest Yard“)

10. Long Cool Woman (In a Black Dress) – The Hollies (од „Remember the Titans“)

11. How You Like Me Now – The Heavy (од „The Fighter“)

12. Papercut – Linkin Park (од „The One“ 2001)

13. Ride on Time – Black Box (од „ The Cutting Edge“)

14. Gonna Fly Again – Bill Conti (од „Роки“)

15. We Will Rock You – Warrant (од „Gladiator“ 1992)

16. I Can See Clearly Now – Jimmy Clif (од „Cool Runnings“)

- Реклама -