Muxlim Pal: Виртуелен свет за муслимани

Повеќе... Следејќи ги стапките на популарните онлајн заедници како што е Second Life, се отвори и првиот виртуелен свет за муслимани – Muxlim Pal.

Следејќи ги стапките на популарните онлајн заедници како што е Second Life, се отвори и првиот виртуелен свет за муслимани – Muxlim Pal.

article-1093102-02be3151000005dc-506_468x286.jpg

 
Корисниците на Muxlim Pal можат да креираат свој аватар кој ќе патува низ овој виртуелен свет во кој се промовира исламската култура и стил на живеење. Тие можат да купуваат подароци како сетови за чај со онлајн банкноти, да одат во посебни соби за молитва и да се облекуваат во облека од исламската култура. Секој од аватарите извршува различни задачи со кои се искачува на скалилото на духовноста, среќата, фитнесот, благосостојбата и знаењето.

article-1093102-02be3139000005dc-524_468x343.jpg

Виртуелниот свет на Muxlim.com има бар на плажа, центри за шопинг и приватни соби кои корисниците можат да ги декорираат. Зачленувањето е бесплатно и секој нов корисник на почетокот добива неколку виртуелни банкноти со кои може да купи облека за својот аватар. За понатаму да се надополни сметката виртуелните банкнотите можат да се „купат“ со вистински пари.

Ние не сме религиозен сајт, туку таков што се фокусира врз муслиманскиот стил на живот“ изјави основачот на Muxlim.com – Mohamed El-Fatatry „Бидејќи ниеден од виртуелните светови нема околина која ќе одговара на стилот на живот во нашата заедница, ние почувствувавме дека има потреба да го направиме овој чекор за оние кои се чувствуваат изоставени“. Тој потенцира дека веб страницата е отворена како за Муслиманите, така и за сите други кои се заинтересирани.

- Реклама -