Историјата го памети Бенито Мусолини како еден од основачите на Оската на злото и како клучна фигура во создавањето на Фашизмот. Но на видело излегоа и некои досега непознати факти од почетокот на кариерата на овој италијански диктатор.

Документите кои неодамна беа откриени покажаа дека Мусолини ја започнал својата политичка кариера со помош на неделната плата од 100 фунти која ја добивал од британската тајна служба MI5.
Имено, според историчарот од Кембриџ, Питер Мартленд, пред крајот на Првата Светска Војна Мусолини бил британски агент. Како 34-годишен новинар тој бил плаќан од MI5 во весникот кој го уредувал да објавува сојузничка пропаганда за Италија да остане во војна. И не само тоа – мусолиниевите момци, италијанските воени ветерани, биле спремни да излезат на улиците за да ги убедат (на насилен начин) демонстрантите кои барале мир да останат дома. Мусолини за своите услуги бил добро платен – добивал околу 100 фунти неделно, што се речиси 7.000 денешни евра. [Recruited by MI5: the name’s Mussolini. Benito Mussolini]