Muse снимија песна за Олимписките игри

Новата песна на Muse – Survival, што неодамна доживеа радиска премиера, ќе биде службена химна на Летните олимписки химни (ЛОИ), кои наскоро ќе почнат во Лондон.

Според зборовите на пејачот Мет Белами,  за бендот е голема чест да има толку важна улога на Олимписките игри во 2012 година. Тој објаснил дека  ја пишувал нумерата мислејќи на ЛОИ, па затоа песната изразува верба и одлучност за победа.

Песната ќе го најави и нивниот последен албум The 2nd Law, за кој бендот вели дека е радикално поинаков од сета нивна претходна работа, најмногу поради призвукот на дабстеп, што може да се преслуша во форшпанот со кој го најавуваат новиот носач на звук.

Наследникот на албумот Resistance од 2009 година ќе биде пуштен во продажба на 17 септември годинава, а во октомври Muse тргнуваат на турнеја низ Европа и Велика Британија.

{youtube}ZYMMnHW85mc{/youtube}

- Реклама -