Мурињо си заминува од Фенербахче, бара 15 милиони евра

Жозе Мурињо и Фенербахче наскоро ќе го објават крајот на нивната соработка, известуваат турските медиуми.

Оваа одлука следува по неодамнешната средба во Лондон помеѓу познатиот тренер и Али Коч, претседателот на клубот од Истанбул. Мурињо бара 15 милиони евра за раскинувањето на договорот.

Португалецот ја презеде „жолто-црната“ екипа минатото лето, но за жал, не успеа да освои ниту еден трофеј. Во турското првенство, тимот заврши на втората позиција, зад својот главен ривал Галатасарај.

Дополнително, Мурињо е во постојани конфликти, не само со судиите, туку и со функционери од други клубови, што предизвика негативни реакции од навивачите и новинарите, а му нанесе и штета на угледот на турскиот фудбал.