Мурињо си го мрази животот

Изгледа во фудбалскиот погон на мадридски Реал во тренд е да се биде незадоволен. По Кристијано Роналдо, донекаде и Икер Касиљас, со слични проблеми се јави и тренерот Жозе Мурињо кој за разлика од нив двајца веднаш го образложи своето незадоволство.

„Би сакал на мира да можам да прошетам со своето семејство, но тоа е невозможно“ вели Мурињо.

„Го мразам својот личен живот. Мразам што не сум татко кој нормално ќе оди да го гледа своето дете на натпреварите заедно со останатите родители. Веднаш ќе почнат да ме сликаат и да ми бараат автограми. А, јас тоа не го сакам“ вели тренерот на Реал Мадрид.

Прочитајте и:  Реал Мадрид се откажа од привлекувањето на Александер-Арнолд
- Реклама -